Бабунски: Само со верба и сплотеност можеме до големи резултати

 

Македонскиот фудбалер Давид Бабунски е предводнки на репрезентацијата до 21 година за која вели дека има потенцијал за добри резултати и е основа за иднината на сениорската репрезентација.

- Одигравме два натпревари, против Романија и против Црна Гора и забележавме две победи. Тоа за нас е многу позитивно. Победите допринесуваат да се зголеми самодовербата кај секој од нас, а со самото тоа се создава и одлична атмосфера во тимот. Работиме тимски, размислуваме на тој начин. Желбата за победа не обединува, едноставно, дишеме како еден. Резултатите на двата натпревари потврдуваат дека се работи одлично и професионално, вели Давид.

Повозрасниот од браќата Бабунски кој ги одигра и последните 15 минути за А репрезентацијата на натпреварот против Словачка вели дека доколку се задржи континуитетот во младата репрезентација можеме да стиигнеме на големо натпреварување.

- Квалитет имаме, од нас зависи дали можеме да го направиме толку посакуваниот чекор и да се најдеме на големо натпреварување. Ако продолжиме во оваа насока, ако во континуитет се однесуваме професионално во исполнување на обвските резулатите ќе дојдат сами по себе. Само со верба во квалитетите и заедништво можеме да ја исполниме целта. Селекторот и стручниот тим верува во нас, ние сме свесни дека ја претставуваме таа нова генерација на македонскиот фудбал и се надевам дека ќе го дадеме максимумот од нашите можности да ја оправдаме довербата, истакнува бабунски за веб страната на ФФМ.

Тој повтори дека тимската работа треба да биде тоа што ќе ја краси оваа репрезентација, нешто што го научил како правило во колективот на Барселона.

- Во нашиот тим на секој тренинг се влегува максимално сконцентрирано, во секоја вежба или активност се даваме сто процентно. Акцентот е ставен на тимската работа, не се почитуваат многу индивидуалните решенија. Тренинзите се интензивни, се работи со полна сила од почеток до крај. На тој начин можеме да дојдеме до резултат, посветено и тимски, вели членот на Барселона.

 

 

Оцени ја веста

19.11.2014 - 15:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега