Македонците се повеќе го земаат презимето на жената
Во 2014 година 1200 нови брачни партнери решиле да склучат брак надвор од просториите на матичната служба. Најчест избор е ресторанот, но има и поинакви барања.
-Честопати младите бараат да склучат брак на Милениумскиот крст, или Порта Македонија. Имаме случаи и кога нивна желба е тоа да биде во манастир. Но во последно време имаме многу идеи за склучување брак на отворено, на пример, на клупа во парк, место кое е поврзано со нивната врска и за нив има големо значење. Имавме и барање за склучување брак на брод во Охридското Езеро – вели за Република Силас Муслиоски, директор на Управата за водење на месечни книги.
Досега, според директорот, немало случај некој да има неостварлива желба. Бројот на заинтересирани за кслучување на ваков брак секоја година расте. Во 2011 година, кога и се воведе оваа можност се склучени 700 венчавки надвор од просториите на службата.
Во однос на статистиката за презимињата, директорот вели дека се зголемува трендот девојките да го задржат само своето презиме, или да го додаде на мажот. Во 2014 година имало околу 700 такви случаи.
-Во 2014 година во 30 до 40 случаи мажот го зел презимето на жената – додава Муслиоски.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа