САД зафатени од исклучително студен бран

 

 

 

Во сите 50 американски сојузни држави во текот на изминатата ноќ температурите беа на точката на смрзнување или под неа. Како последица на  студениот бран дојде до големи нарушувања во сообраќајот, а во некои делови на земјата проблеми предизвикува и обилниот снег.

Утринава најлоша беше состојбата во округот Ерие, на запад од државата Њујорк, каде падна 1,5 метар снег, што и натаму продолжува да паѓа.

 

Гувернерот на државата Њујорк, Андре Куомо, прогласи вонредна состојба во десет окрузи на запад од државата. Во овој дел од САД, за еден час паднаа околу 13 сантиметри снег.

 

Прогнозите велат дека снегот ќе продолжи да паѓа, а врнежите ќе се прошират и на Средниот запад и Средниот исток од земјата.

Интересен е податокот дека температурата падна под нулата и на Хаваите. Во подножјето на изгаснатиот вулкан Мауна Кеа живата во термометрите се спушти на минус еден. Ова е најстуденото американско утро уште од 1976 година.

 

 

Оцени ја веста

19.11.2014 - 14:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа