Тајзи: Сите да застанеме зад Даниел Кајмакоски на Евровизија

 

Познатиот македонски пејач Тајзи гостуваше во емисијата „Мак Сцена“ на радио Слободна Македонија каде го најави престојниот солистички концерт во Универзална сала на 29-ти ноември.

Тајзи го даде и своето мислење околу последните случувања со гласањето на Скопски фестивал.

-Не навлегувам и не сакам да коментирам околу сите случувањата на Скопски. Даниел Кајмакоски ми е многу добар пријател и тој е одличен музичар, затоа ги повикувам сите мои фанови да го поддржат и бодрат на Евровизија. Тој ќе ја преставува нашата земја и затоа треба сите да застанеме позади него, изјави Тајзи.

 

 

 

Оцени ја веста

19.11.2014 - 14:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега