Во сообраќајна несреќа во Кина загинаа 11 деца

 

Вкупно 11 деца загинаа денеска во судир на минибус и камион во источниот дел на Кина.

Во несреќата загинал и возачот на минибусот, со кој се превезувале 14 деца од градинка.

Синхуа јави дека сообраќајната несреќа се случила утрото во источната провинција Шандонг.

Локалната полиција соопшти дека во минибусот имало поголем број деца од пропишаното, односно со минибусот можеле да се превезуваат осум лица.

Во сообраќајна несреќа во јули во јужна Кина загинаа 11 лица, меѓу кои деца од градинка и воспитачката.

 

 

Оцени ја веста

19.11.2014 - 13:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега