Сопругите во кујна, вие на тросед: Денеска е Ден на мажите
Меѓународниот ден на мажите се одбележува ширум светот на 19-ти ноември. Целта на одбележување на овој празник е фокусот да се стави на здравјето на децата и мажите, унапредување на родовата рамноправност, но и да се истакнат позитивните машки улоги. Мажи, денес прославете ги вашите достигнувања, без оглед на тоа дали тие се однесуваат на семејството, работата...
Меѓународниот ден на мажите се одбележува во повеќе од 60 земји во светот, па денес треба особено да бидете горди на себе и улогата која ја имате во семејството, друштвото.
Некои од начините на кои се одбележува овој ден во светот е одржување на разни конференции, фестиваали, работилници.. Ние одлучивме во ваша чест да ви издвоиме неколку шеговити причини зошто е подобро да се биде маж отколку жена.
1. За излегување од дома се подготвувате за 10 минути. Причината за тоа? Не морате да се шминкате и да ја пеглате косата, а го немате ни оној женски проблем "немам што да облечам".
2. Не морате секојдневно да трошите време на лакирање нокти, средување веѓи, а ни да се депилирате.
3. Мажите се посреќни. Студиите покажуваат дека припадниците на посилниот пол имаат помала склоност кон депресија и стрес. Виновник за тоа е нивото на хормонот серотонин, кое кај мажите е повисоко.
4. Со оглед на тоа дека доаѓа зима, не е на одмет да се спомне ни тоа дека мажите природно имаат поголема телесна температура од жените, што значи дека им е потопло.
5. На крајот, но и не помалку важно, можете да мочате каде сакате. Не велиме дека треба да го правите тоа, но во некои ситуации тоа ја олеснува околноста.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа