Ново повеќенаменско игралиште во Аеродром

Улогата на физичкото образование и активното занимавање со спорт, како еден од предусловите за правилно насочување и развивање на младите личности е незаменлива во псохофизичкиот развој на секое дете.

Ова денеска го истакна министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска која заедно со директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески и градоначалникот на Аеродром Ивица Конески го пушти во употреба повеќенаменското спортско игралиште во Основното училиште „Александар Македонски“ во општина Аеродром.

- Инвестирајќи во спортот и спортската инфаструктура, ние инвестираме во вистинските вредности, во здрави генерации и силни индивидуи. Уверена сум дека ова новоизградено игралиште, на кое младите ќе имаат можност да се дружат и да го поминуваат своето време, ќе има позитивни ефекти врз целокупниот развој, отргнувајќи ги од негативните појави од модернето време, рече Канческа-Милевска.

Овие инвестиции, потенцира министерката, значително придонесоа за подобрување на животот на граѓаните и унапредување на состојбите во сите сегменти на функционирање на единиците на локалната самоуправа.

Според директорот на Агенцијата за млади и спорт, игралиштето ќе овозможи место за создавање на голем број талиенти во фудбал, кошарка, ракомет... Кошаркашкиот клуб „МЗТ“ Скопје, рече директорот, ќе има сигурен извор на млади талентирани кошаркари, кои тајните, вештините и првите чекори ќе ги почнат токму тука.

- Игралиштето кое денес го ставаме во функција е 28-то повеќенаменско игралиште. Низ целата држава 21. се завршени и подготвени за отворање, а уште пет игралишта се во фаза на градба и очекуваме во најскоро време да бидат целосно завршени, информира Спасески и додаде дека очекува на овие игралишта младите да го поминуваат своето слободно време.

Градоначалникот Конески појасни дека игралиштето е изградено според меѓународни стандарди, а вкупната негова површина со обиколната патека изнесува 1.300 метри квадратни. Игралиштето може да се користи за фудбал, серва, кошарка, ракомет, тенис. 

 

 

Оцени ја веста

19.11.2014 - 12:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега