Влегол во собата на шестгодишниот син а тогаш... - таткото во шок!
Татко се шокирал кога влегол во собата на своето шестгодишно синче. Американецот открил дека неговиот син добил пораки со сексуална и експлицитна содржина додека играл игра на компјутер. Пораките биле и во писмена форма, но и говорни, па таткото останал запрепастен кога слушнал гласови од собата на своето детенце.
- Живеам сам со синот кој има пореметување, но не можам да бидам со него 24 часа. Го оставив сам во соба половина час и тогаш од подрумот слушнав машки глас. Знаев дека нешто не е во ред зошто синчето ми кажа да не ја гледам игрицата, вели татакото чиј идентитет не се открива.
Монструмот кој комуницирал со детето мислел дека зборува со мало девојче, па праќал пораки и фотографии со експлицитна содржина.
Случајот бил пријавен во полиција.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа