ФОТО: Авион им паднал на само 15 сантиметри од брачниот кревет

 

Авион се сруши врз куќата на брачна двојка од Чикаго и паднал на само 15 сантиметри од нивниот брачен кревет.

Шефот на спасувачкиот тим Мајкал Фокс изјавил дека мажот и жената за среќа не се повредени но материјалната штета на нивната куќа е огромна.

Тој додал дека станува збор за мал товарен авион „Аеро Командер 500“, чиј пилот загинал при падот. Причина за несреќата, според првичните информации, бил неисправен мотор.

Брачниот пар во чија куќа се сруши авионот биле во шок.

-Се разбудивме и во нашата спална соба имаше авион, на само неколку сантиметри од нашиот кревет. Бевме преплашени кога авионот падна врз нашата куќа, изјавил синот на брачниот пар.

Дел од авионот е во куќата на семесјтвото Ролинскас, а делови од авионот се разлетани по улиците и по крововите на околните куќи. За среќа нема повредени.

Инцидентот се случил во близина на аеродромот Мидвеј во Чикаго.

 

 

Оцени ја веста

19.11.2014 - 11:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа