Куманово под вода - поплавени куќи, цели паркинзи со автомобили и добиток
Подари обилните врнежи кои ја зафатија територија на Република Македонија во текот на вчерашниот и денешниот ден, имаме поплавување на одредени места.
На територија на општина Куманово имаме излевање на ЛипковскаРека кај локалитетот „Водовод“ при што поплавен е дел од паркинг со возила и пешачки патеки кои служат за пристап до стамбените објекти. Исто така имаме и поплавување на фарма но засега не може да се дејствува бидејки сопственикот на истата е недостапен. ЛипковскаРека е излеана и во населбата Средорек при што се поплавени две куќи.
Којнарска Река е излеана и поплавени се 15 куќи на ул. Никола Теска, потоа кај селото Долно Којнаре при што поплавени се земјоделски површини.
Кумановска Река е излеана кај селото Доброшане при што е поплавена 1 куќа. Кај селото Лопате - Ропаљски Дол имаме излевање на реката Луга при што се попалавени 2 штали и трактор.
Подрачното одделение на ДЗС Куманово е на терен и досега се дадени преку 1000 вреќи за песок кои ќе бидат употребени за изградба на одбрамбени насипи кај Средорек, локалитет Водовод и на сите места на кое ќе биде неопходно. Екипи на ДЗС и ЈП Водовод Куманово се на терен ја следат состојбата, донесен е песок и 1 машина која ќе биде употребена за санирање на оние места каде е неопходно.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа