Уште едно вето на Грција поради името
Новата Европска Театарска Асоцијација - НЕТА била спречена да стане членка на Унијата на театри од Европа (УТЕ), од страна на Грчки претставници, пренесуваат медиумите од јужниот сосед.
На генералното собрание на УТЕ, кое се одржа во Тел Авив од 13 до 16 ноември, присуствуваше и мрежата НЕТА со седиш во градот Битола со која претседава екс-министерот за култура Благој Стефановски.
Кога дискусијата дошла до предлози за нови партнерства и нови членови веднаш стигнала реакција на уметничкиот директор на Националниот театар на северна Грција Јанус Вурос.
- Уметничкиот директор на Националниот театар на северна Грција Јанис Вурос веднаш реагираше и по забелешките дека се залага за отвореност и соработка, изјави дека не може да прифати соработка со театар од Скопје кој го краде името на Македонија, кое не го признаваат Обединетите нации, ниту Грција, пишуваат грчките медиуми.
По интервенцијата на Вурос, предлогот за соработка со НЕТА, наводно, бил повлечен.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа