Се врати во нормала работата во најголемото основно училиште „Григор Прличев“ во Охрид

 

Засега вратена е под контрола наставата во најголемото основно училиште „Григор Прличев“ во Охрид. Се се одвива според редовниот распоред, откако објектот повторно беше приклучен во електичната мрежа.

Струјата беше исклучена во вторникот минатата недела, откако ЕВН ја прекина поради неподмирен долг.

Разврската околу измирувањето на долгот беше добиена откако поради настанатата ситуација вонредно заседаваше градскиот Совет, кој донесе одлука Општината да ја преземе обврската за исплата на долгот кон ЕВН.

Неколку дена по исклучувањето се до вчера наставата во училиштето се одвиваше со скратени часови.

Инаку, ОУ „Григор Приличев“ веќе девет месеци работи со блокирана сметка поради доспеано извршно решение за надомест за експропријација на земјиште по побарување од 1989 година. 

 

 

Оцени ја веста

19.11.2014 - 10:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега