Уапсен син на позната пејачка- фатен со пиштол и хероин

 

Мирзад Бекиќ синот на познатата српска пејачка Ханка Палдум повторно има проблеми со законот. Тој во неделата бил упасен во Сараево откако кај него биле пронајдени пиштол и пакет хероин.

Освен тоа кај 29-годишниот син на познатата пејачка биле пронајдени и укредени сребрени обетки и огрлици, пренсува српски Курир.

Заедно со Мирзад бил уапсен и неговиот 27-годишен пријател кој управувал со голфот на Бекиќ и имал во себе два пакети марихуана.

Инаку проблематичниот син на Ханка и во јануари годинава се најде во рубриките хроника поради конзумирање на опојни дроги и предизвикување на сообраќајна несреќа, во која беа повредени три лица.

 

 

Оцени ја веста

19.11.2014 - 10:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега