Царнајев писмено одговоара на полициските прашања

 

Осомничениот бомбаш на бостонскиот маратон деветнаесет годишниот Џохар Карнајев кој е тешко ранет и не може да зборува, се разбудил и на прашањата на властите им одговара во пишана форма. Карнајев се наоѓа на интезивна нега во бостонскиот Медицински центар Бет Израек. Погоден е со куршум во уста, кој потоа му излегол низ вратот, а погоден е и во ногата. Неговиот постар брат дваесет и шест годишниот Тамерлна е убиен во полициската акција, а двајцата имале огромни залихи на оружје кое веројатно било планирано за други напади. Властите пронашле големо количество на бомби и муниција, поради што полицијата има причина да верува дека браќата Гарнајев планирале да нападнат и други луѓе. 

Полицијата не може со сигурност да тврди дека нема уште скриен експлозив. Истражителите уште не го откриле мотивот на нападот на бостонскиот маратон. 

Се уште не е јасно дали Џохар Џарнајев сам себеси се ранил или е погоден од страна на полицијата. 

 

 

најчитано сега