Колку бактерии се пренесуваат преку еден бакнеж?
Научното списание Microbiome направи истражување на тема пренесување на бактерии од една на друга уста за време на бакнеж. Резултатите дадоа огромна бројка на бактерии кои се пренесуваат за време на 10-секунден бакнеж.
Испитани биле 21 пар во Холандија, на кои им било направено брис на устите пред и по бакнежот. Реултатите покажале дека во еден бакнеж во траење од 10 секунди, се пренесуваат 80 милиони бактерии.
Авторот на истражувањето, Ремко Корт, наведува и дека бактериите во устите на паровите се послични, отколку на две непознати лица.
„Очигледно тоа што сте со некој партнер подолго време во врска, води до поседување на слична комбинација на бактерии на јазикот“, вели Корт.
Тој додава дека бакнувањето игра улога на имунизација, со градење на отпорност од одредени бактерии со изложување на различни микроорганизми - ако гледаме вака на ова, бакнувањето е многу здраво. (но секако зависи од тоа кого бакнуваш и какви микобни колонии таа личност поседува.)
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа