Неготино: Вакцинирани близу 500 лица против сезонски грип

 

Заврши вакцинирањето против сезонски грип во Центарот за јавно здравје Неготино, информираше денеска доктор Иванка Тодоровска, раководител на локалната организациона единица при Центарот за јавно здравје Велес.

- Вакцина добија 482 граѓани по цена од по 400 денари секоја,  а 230 дози употребивме и во Специјалниот завод во Демир Капија. И понатаму има интерес за вакцинирање против сезонски грип. Засега немаме пријавено заболен од сезонски грип во нашиот центар, соопшти Тодоровска.

Таа рече дека најчесто по вакцина доаѓаат луѓе на возраст над 65 години, хронично и  срцево болни, како и пациенти со белодробни заболувања, но и помлади лица со хронични и бронхопневматски болести и со други индикации, по препорака на специјалист. 

18.11.2014 - 13:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа