Ме имитираше најдобро од сите досега- Здравко Чолиќ го пофали Бане

 

Бане Мојиќевиќ имено победникот на минатата епизода на ТЛЗП одлично ја сработи својата улога. Пејачот во последната епизода на шоуто „Твоето лице звучи познато“ победи со имитација на Здравко Чолиќ.

За неговиот настап Чола изјави дека е воодушевен од неговата имитација.

-Бане го направи тоа подобро од сите кои ме имитирале досега. Покрај тоа што одлично отпеа, сјајно ги долови моите потези и низ имитацијата ја донесе енергијата која ми е најважна во односот со публиката. И маската беше одлична, се гледа дека целиот тим се потрудил, изјави Чолиќ.

Оваа улога за Бане не била претешка.

-Сакав за другите, но и за себе, да направам добра забава и мислам дека испадна одлично. Потребен ми беше само половина час за да се подготвам за настапот и да ги извежбам потезите на Чола, изјави пејачот.

18.11.2014 - 13:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа