Македонска статистика: Секој десетти возач зад волан седнува пијан
Во текот на изминатата недела од страна на полициски службеници од СВР- Битола, при сообраќајни контроли биле контролирани вкупно 2.375 возила, при што се констатирани 495 прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот. При тоа во 25 случаи е констатирано присуство на алкохол кај возачите, констатирани се 57 случаи на управување на возило без возачка дозвола, 96 возачи управувале возила со над дозволената брзина, 28 технички неисправни возила, 61 нерегистрирани возила или со измината важност на сообраќајната дозвола, 29 прекршоци за неправилно и непрописно паркирање, 58 прекршоци за некористење на сигурносен појас. Исто така беа констатирани четири случаи за престигнување и два за користење на мобилен телефон при управување со возило.
Исто така во текот на изминатиот викенд на подрачјето на СВР Тетово и СВР Штип во сообраќајни контроли биле контролирани вкупно 379 возачи. При тоа на подрачјето на СВР Штип биле алкотестирани вкупно 195 возачи од кои кај 19 е утврдено присуство на алкохол, што зачи дека секој десетти тестиран, возел пијан.
Исто така биле констатирани и 12 други прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот при што изготвени се девет налози и три покани за наплата на глоба.
На подрачјето на СВР Тетово сликата е пострашна. Од алкотестирани вкупно 72 возачи кај 12 било утврдено присуство на алкохол. Истите се исклучени од сообраќај и изготвени им се платни налози. Исто така во сообраќајните контроли биле откриени биле и други видови прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот при што на прекршителите изготвени им беа поднесоци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа