Палестинска екстремистичка група презеде одговорност за нападот во Ерусалим

 

 

 

Народниот фронт за ослободување на Палестина презеде одговорност за нападот во синагогата Каила Бнеи тора во квартот Хар Ноф во Ерусалим во кој беа убиени четворица Евреи.

Военото крило на групата - Бригадите Абу Мустафа, објави соопштение во кое вели дека презема одговорност за нападот и ги повикува Палестинците да се обединат во отпорот против окупацијата.

Двајцата напаѓачи беа идентификувани од палестински извори како жители на источен Ерусалим. Според израелски медиуми, тие биле роднини на еден од палестинските затвореници разменети за киднапираниот војник од израелската армија Гилад Шалит.

18.11.2014 - 12:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега