Бизарна одмазда: Му го отсекле и украле пенисот

Бизнарна одмазда, кинез остана без својот пенис. 41- годишниот Кинезот Феј Лин од селото Ничао, кое се наоѓа во источниот дел на земјата, бил нападнат за време на ноќта. Напаѓачите му ставиле вреќа на главата, му ги соблекле панталоните, а потоа му го отсекле пенисот.

-Влегоа во собата додека спиев, ми ставија нешто на глава, а после тоа избегаа. Бев во шок, па ништо не почуствував. Дури откако избегаа и откако успеав да ја тргнам вреќата од главата видов крв и дека ми го нема пенисот, им раскажал Лин на полицијата.

Како што пренесуваат тамошните медиуми, нападот врз сезонскиот работник Феј Лин, го организирале мажи кои нивните сопруги ги изневерире со несреќниот човек.

Но, несреќниот Лин тврдел дека не спиел со ниедна жена од селото. 

18.11.2014 - 12:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега