Неверојатно: Кога ја видел невестата избегал и побарал развод!
Неименуван човек од Саудиска Арабија толку се ужаснал од изгледот на неговата нововенчана сопруга, што веднаш побарал развод од неа.
Бидејќи така наложуваат тамошните традиции, младенците пред венчавката воопшто не се виделе.
Поминала целата свадбена церемонија, а кога дошол момент за фотографирање, сопругот и го кренал превезот на новата сопруга и останал во шок.
Тој толку се ужаснал од изгледот на жената, што веднаш рекол дека сака развод.
Невестата паднала на подот во солзи, а сватовите во паника се обидувале да ја смират ситуацијата, но залудно.
Инцидентот предизвикал жестоки реакции на социјалните мрежи, а корисниците го обвинуваат нечувствителниот маж поради плитките сфаќања, истакнувајќи дека внатрешната убавина е најважна.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа