Рубљата го избрка „Сеат“ од Русија
Филијалата на „Фолксваген“, „Сеат“, на почетокот на следната година ќе го напушти рускиот пазар, поради падот на вредноста на рубљата и мрачните економски предвидувања за Русија.
Од 1 јануари 2015 година, „Сеат“ ќе престане со продажба на своите возила во Русија, објави рускиот весник „Комерсант“, повикувајќи се на анонимни извори во шпанскиот „Сеат“, кој е во сопственост на германскиот „Фолксваген“.
- Ваквата одлука е резултат од последиците на севкупната економска ситуација, како и промената на курсот на руската рубља, која од почетокот на оваа година изгуби една четвртина од вредноста во однос на еврото, пишува рускиот дневен весник.
Руската економија е погодена од западните санкции воведни кон Москва, поради случувањата на истокот од Украина. Како последица на тоа, продажбата на автомобили во Русија е заначително опадната, па така во периодот јули-септември таа на годишно ниво е намалена за над 20 проценти.
Продажбата на „Сеат“, според пишувањето на „Комерсант“, забележала значително голем пад во периодот јануари-октомври за цели 57 проценти во однос на истиот период од минатата година
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа