Самстојна изложба на Кристина Зимбакова

 

„Пупки во бурата“ на Кристина Зимбакова, денеска ќе биде изложена во Порта Македонија. 

Ова е четврта нејзина самостојна изложба на која ќе се претстави со слики во комбинирана техника создадени во последните неколку години. 

Експресивниот и симболичен израз, вметнувањето мотиви од поезијата на Силвија Плат и Ен Секстон, текстуални елементи, и габите како медиум се значајни одлики на нејзиното творештво.

Освен акрил, смола и рачен вез, користени се и невообичаени материјали како дрвени струготини, влакна од коноп, рафија, пеперутки, афионово семе, чевли. Габите, лишаите и пеперутките се добиени од збирки или теренски истражувања во соработка со природни научници, особено околу одредувањето на видовите. 

Изложбата ќе ја отвори проф. д-р Ферид Мухиќ. Кристина Зимбакова е од Струмица, а живее и работи во Скопје. Негува интердисциплинарен приод кон ликовната уметност. 

 

18.11.2014 - 09:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега