Москва се надева дека односите со ЕУ не преминале ниво од кое нема враќање

 

 

 

Москва изразува надеж дека врските меѓу Русија и Европската унија се уште не преминале „точка без враќање“, изјави рускиот министер за андворешни работи Сергеј Лавров.

Тој додаде дека политиката на ЕУ спрема украинската криза е очигледен обид да се префрли одговорноста која ја уништува довербата кон европскиот континент.

- Се надеваме дека се уште не сме ја преминале точката од која нема враќање. Заинтересирани сме за прогресивен развој на односите со ЕУ, рече Лавров на заедничка седница на Колегиумот на руски и белоруски МНР.

Тој наведе дека „Русија ја има ЕУ како свој многу важен партнер“.

Изјавата на Лавров следува откако Брисел воведе нови дополнителни санкции спрема проруските сили во Украина додека Москва одговори со забрана за увоз на храна од држави од ЕУ. Според Лавров, Киев зазел курс на „општествено-економско задушување на југоистокот на Украина“

18.11.2014 - 09:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа