Тања Царовска: Сите ги интересира со кого сум била мажена

 

Тања Царовска одамна ја немаше на домашната сцена, а токму на "Скопскиот фестивал 2014" реши да направи камбек со песната "Ако ми се вратиш".

"Одамна не сум настапувала на македонска сцена, па имав и малку трема. Од мене многу се очекуваше и не сакав никого да разочарам. Го одбрав 'Скопски фестивал' за камбек затоа што беше првото нешто каде што настапив во Македонија, ако се изземат детските фестивали. Природно беше да се појавам тука затоа што уште како 15-годишно анонимно девојче се пријавив на конкурсот за 'Скопски', седнав во музичкото училиште во Битола, напишав песна и ми ја примија. И се почна од тука. Потоа уште неколку пати ми примаа песни и редно беше да се оддолжам и да настапам токму тука", вели Тања за ВЕЧЕР.

Пејачката додава дека иако не била музички присутна на домашната сцена, таа не прекинала да создава музика.

"Додека ме немаше на сцената кај нас правев многу, но некако ме заборавија да ме прашаат што правев. Некои прашуваа што правам, но поважно им беше со кого сум била мажена, кои ми се пријатели, дали сум снимала со Мел Гибсон или Бред Пит, но не и да ме поканат да направам нешто музички во Македонија. Тука имаше површен интерес за мене, а јас работев на многу филмски. театарски и балетски проекти како вокал, настапував во Англија и низ Европа", појаснува Тања и потенцира дека освен што е преокупирана со работата, има секојдневни обврски што ги има секоја мајка

18.11.2014 - 09:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега