Зголемен бројот на терористичките напади во 2013
Во светот минатата година имало околу десет илјади терористички напади, што е 44 отсто повеќе од претходната година, пишува лондонскиот Институт за економски науки и мир. Во овие напади загинале речиси 18 илјади лица.
Четири групи терористички напади биле доминантни минатата година, напади на припадници на групацијата Исламска државам, напади на Боко Харам, напади на Ал Каеда и напади на талибанците. Овие напади се одговорни за 66 отсто од жртвите во тероризмот во 2013 година.
Најголем број терористички напади во 2013 година се регистрирани во Ирак, 2.492, во кои загинале над 6.300 лица. ИД е одговорна за најголемиот број ирачки жртви на тероризмот минатата година.
Повеќе од 80 отсто од светските жртви на терористичките напади во 2013 година се забележани во Ирак, Авганистан, Пакистан, Нигерија и Сирија
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа