Што предвиде Нострадамус за 2014 година и што се оствари од тоа

 

Инженерот од Украина Александар Лазарев  на почетокот на годинава и „откри“ на светската јавност кои се предвидувањата на Нострадамус за тогаш новата 2014 година. 

Според Лазарев, Нострадамус предвидел дека во оваа година ќе бидат извршени атентати на четворица премиери, а потоа ќе дојде и до Трета светска војна во која ќе се користат хемиски и нуклеарни оружја. Ќе има мал број живи луѓе од кои повеќето ќе страдаат од болести на кожата и рак. Годината е пред крај, но трета светска војна нема, бар не во вистинка смисла на зборот. Болести има но луѓето не изумреа.

Според предвидувањата на Нострадамус, луѓето ќе бидат во паника, ќе има конфликт меѓу две светски религии, а ќе бидат уништени и цели земји.  Тука имал право бидејќи има сериозен конфликт со исламските џихадисти а некои земји, навистина се целосно уништени.

Нострадамус предвидел дека токму во 2014 година планетата Нибиру ќе прелета толку блиску до Земјата , дека „ќе може да се допрат“. Со тоа би можела да се помрдне и земјината оска, едната половина да се замрзне, а другата да стане пустина. Земјата фала Богу е цела.

 

 

18.11.2014 - 00:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега