Македонските фолкери и кажаа збогум на Македонија и тргнаа по подобар живот

Популарната фолк пејачка Татјана Лазаревска и нејзиниот сопруг, пејачот, Новица Василевски, заедно со двата сина, на крајот на годинава ќе се селат од Македонија и во иднина ќе живеат во Мелбурн, Австралија, пишува порталот Либертас. Нивни блиски велат дека двојката веќе подолго време размислувала за овој чекор и дека Новица бил тој што ја убедувал Тања да се преселат.

-Тања и Новица веќе се пакуваат. Ги добија иселеничките визи- вели пријателка на Новица и Тања за Либертас.

Тања планира во Мелбурн да работи како учителка, а Новица веќе барал работа преку Интернет.

17.11.2014 - 23:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега