Расплетот на случајот со Дениса Маркоска го донесе она од што највеќе стравуваше нејзиното семејство

Повторената обдукција во Македонија потврди дека пронајденото тело во Грција, припа|а на прилепчанката Дениса Маркоска 

Кобната вест од која семејството Маркоски од Прилеп, стравуваше подолго од два месеци, за жал, попладнево, се обистини. Пронајденото тело во водите од Егејското Море, припаѓа на исчензтата 23-годи{на прилепчанка Дениса Маркоска. Ова ни го изјави таткото на Дениса, Кире, кој трагичната вест ја примил доцна попладнево, согласно резултатите од повторените ДНК-анализи овде во земјава. Тагата и болката кои денеска кулминираат во семејството Маркоски, не се опишуваат со зборови. Двомесечната агонија околу идентитетот е завр{ена и сега семејството е посветено на тоа телото на несреќната девојка да биде донесено од Скопје во Прилеп.

Сега, после ова,  секако дека се отвора и  клучното прашање кое допрва ќе треба да биде одговорено - како и под кои околности загинала Дениса ?!

Дениса Маркоска исчезна во раните утрински часови од бродот “Серенисима” на 12 септември на кој претходно работела две години.    

Женскиот труп, за кој, тогаш се претпоставуваше дека е од несреќната девојка, беше пронајден на 4-ти октомври во близина на островот Карпатос, а примероци од ДНК од родителите на Дениса беа земени на 7-ми октомври, по што првичните анализи беа направени во Грција, каде со речи си стопроцентна сигурност беше утврдено дека станува збор за Дениса.

Пред една недела, по пристигнувањето на телото во земјава, со дозвола на Министерството за здравство на РМ, а по барање на родителите, напаравена беше уште една обдукција, која, за жал, само ги потврди истите резултати кои беа добиени и во Грција.

17.11.2014 - 23:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега