Во светот 36 милиони луѓе се жртви на модерно ропство

 

 

 

Повеќе од 35,5 милиони луѓе ширум светот односно 0,5 проценти од глобалното население, се жртви на модерните облици на ропство - принудна работа, присилен брак, сексуална експлоатација, се наведува во истражувањето на невладината „Фондација за слободно движење“ (Walk Free Foundation).

- Само во Европа повеќе од 566.000 луѓе живеат во модерно ропство. Во апсолутни бројки во светот на прво место е Индија со повеќе 14 милиони жртви, а потоа следат Кина, Пакистан, Узбекистан и Русија. Во тие пет држави дури 61 процент од луѓето во светот се принудени да живеат во ропство, се посочува во денеска објавениот извештај.

Фондацијата истакнува дека и во земјите-членки на Европската унија голем процент на луѓе живеат во облици на модерното ропство, а ги посочуваат Бугарија, Чешка и Унгарија. Во Австрија има околу 1.100 луѓе кои се жртви на ропство.

Во Европа на прво место се наоѓа Турција со 185.500 жртви на модерното ропство.

- Сите ние претпоставуваме дека ропството е злосторство кое припаѓа на минатото или дека постои само во земјите зафатени од војни или сиромаштија. Извештајот покажува дека модерното ропство може да се најде во секоја земја, истакна претседателот на „Фондација за слободно движење“ Ендру Форест.

Тој истакна дека модерните облици на ропство се присутни во сите 167 држави кои биле опфатени со истражувањето.

Најмал број на жртви има во Исланд, во Ирска и во Луксембург.

Во споредба со минатогодишниот извештај годинава забележан е раст од 20 отсто.

Модерното ропство е доходовен бизнис кои носи повеќе од 32 милијарди долари приход на лицата кои се занимаваат со тоа кривично дело. 

17.11.2014 - 16:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега