Милион долари за главата на снајперистот кој ја уби Белата вдовица
Саманта Лутвајт многу попозната како Белата Ввдовица која се борела во Украина на страна на провладините групи е убиена од руски снајперист.
- Една од најбараните терористки во светот, Саманта Лутвајт,која се борела како дел од Украински батаљон е убиена од руски снајперист. Според нашите информации, Белата Вдовица во украинскиот батаљон била снајперист. Украинските специјални служби поставија цена од околу милион долари за главата на рускиот снајперист кој ја уби британската терористка.
Московската агенција објавила дека украинските специјални служби понудиле награда од милион долари за главата на рускиот снајперист!
Лутвајт, беше сопруга на бомбашот самоубиец Џермејн Линдзи поради што и се преобрати кон ислам.
Откако беше поврзана со завера за кревање во воздух на хотели и шопинг центар во Момбаса, Кенија, во 2011, таа била во бегство.
Се претпоставува дека таа, инаку мајка на 4 деца, била командант на терористичката организација Ал Шабаб.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа