Aсфалтирана e најфрекфентната улица во велешкото село Бузалково
Во село Бузалково викендов завршија градежните работи за асфалтирање на 170 метри од улицата која минува низ селото и води до селата Сливник и Р'левци.
Градоначалникот на Општина Велес Славчо Чадиев, денеска беше во посета на ова велешко село каде заедно со жителите направи обиколка и увид на завршените градежни работи.
Чадиев истакна дека е задоволен од изведбата на градежните активности, со што се решава долгогодишниот проблем на овој дел од патот каде секојдневно минуваат жителите од селата Бузалково, Сливник и Р'левци.
Средствата за уредување на овој дел од улицата од висина од 700 илјади денари се обезбедени од Буџетот на Општина Велес.
- Во наредниот период ќе продолжиме со градежните работи во селото Бузалков,затоа што им ветив на жителите дека ќе направиме уште две улици,едната од чешмата нагоре,а втората во долниот дел од селото, најави Чадиев.
Градоначалникот Чадиев за следната година најави дека ќе направи и тротоар за побезбедно движење на учениците до училиште.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа