ФОТО: Скопска шема - љубов на пешачки
Младите скопјани кои стапуваат во брак во матичната служба во парк, откако ќе го кажат судбоносното ДА, личниот фотограф и снимател за тој ден ги извлекува младенците среде прометната улица и ги тера да позираат, пренесува Лидер.мк.
Секој викенд се случува истото, едноставно е тренд или луда замисла на креативни свадбарски фотографи кои го доведуваат по опасност животот на штотуку венчаните двојки бидејќи сите возачи немаат исто трпение кога некој им стои на патот, па макар да е тоа преубава невеста во бело.
Сесијата на пешачки премин трае десетина минути при што повеќето возачи ги исвиркуваат младите што го попречуваат сообраќајот додека тие по инструкции на фотографот се спуштаат надолу, се гушкаат и прават нови пози.
Фото сесиите на пешачкиот премин пред матичната служба продолжуваат да се случуваат и покрај тоа што во државава во ек е кампања за зголемување на свеста за безбедноста во сообраќајот. Сите треба да бидеме одговорни учесници, зарем не?
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа