Лошата страна на Федерер: Го натепал Вавринка

Познатиот тенисер Рожер Федерер го откажа финалето против Новак Ѓоковиќ на АТП Мастерсот во Лондон, по што српскиот тенисер по четврти пат во неговата кариера го освои пехарот од ова натпреварување.

Причината за откажувањето на Швајцарецот е повреда која наводно била заработена по инцидентот со Стан Вавринка кој се случил во соблекувалните по нивната меѓусебна пресметка во полуфиналето.

Како што објави „Tribute De Geneve“ двајцата сонародници се скарале во соблекувалната, а вербалната расправија прераснала во физичка по што Федерер го повредил грбот.

Наводно, Вавринка обвинил дека во клучните моменти од мечот бил деконцентриран од ложата каде била сместена неговата сопруга.

17.11.2014 - 13:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега