ФОТО: Модерно повеќенаменско игралиште во Маврово-Ростуше

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска свечено предадоа во употреба повеќенаменско игралиште во с.Никифорово во општината Маврово-Ростуше.

Игралиштето, кои е дел од владиниот проект за изградба на 100 повеќенаменски игралишта низ целата држава, е со површина од 1.300 метри и со димензии 45 x 28 метри квадратни. Истото има можност за играње кошарка, мал фудбал, ракомет, серва и други спортови. Покрај тоа ќе може да се користи и во вечерните часови бидејќи е осветлено со рефлектори. 

Директорот Спасески на обраќањето, се осврна на инвестициите и вложувањата во спортот и во спортската инфраструктура.

-Од капиталните инвестиции во спортот, кои ги реализира Владата, преку АМС придобивки видоа многу општини. Придобивки виде и општината Маврово Ростуше каде ја изградивме спортската сала Македонија во с. Ростуше, a денес го предаваме во употреба овој повеќенаменски терен, а во следниот период ќе инвестираме и во изградба на еден тениски терен во Маврови Анови, pотенцираше Спасески и им порача на младите активно да го трошат слободното време во спорт и рекреација.

-Затоа спортувајте, вежбајте, натпреварувајте се, а ние ќе го следиме секој ваш успех и ќе го вреднуваме секој ваш резултат, заврши Спасески.

Министерката Јанкулоска во својот говор се осврна на тоа дека придобивките од спортот треба да ги чуствуваат сите граѓани без разлика на местото на живеење во Македонија.

-Денес одбележуваме еден многу убав настан што не собра заедно овде во с.Никифорово и општина Маврово-Ростуше. Пуштањето во функција на  повеќенаменското спортско игралиште кое е изградено во рамки на проект на Владата на РМ "Изградба на 100 повеќенаменски игралишта"го гледам повеќе како една силна порака – дека спортот не е и не треба да биде ексклузивитет само на големите урбани центри, туку подеднакво како можност што треба да му се пружи секому и секаде. Денеска с.Никифорово е пример за тоа, истакна Јанкулоска. 

Игралиштето чини околу 7 милиони денари и е 27-мото повеќенаменско игралиште кое е предадено во употреба, а уште 22 низ целата држава се завршени и подготвени за свечено отворање.

17.11.2014 - 13:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега