Меркел: Украинската криза не засега сите !
Германскиот канцелар Ангела Меркел предупреди денеска дека конфликтот во Украина може да прерасне во поголемо крвопролевање.
- Украинската криза во никој случај не е само регионално прашање. Таа не засега сите нас, нагласи Меркел во говор во Институтот Лои во Сиднеј.
Таа упати критики за Русија дека „придонесува за дестабилизацијата“ и смета дека особено под закана од случувањата во Украина се Грузија и Молдавија.
На средбата на врвот на Г-20 во Бризбејн за време на викендот рускиот претседател Владимир Путин беше подложен на критики заради акциите на Москва по однос на Украина.
- По ужасните две светски војни и крајот на Студената војна, мирот во Европа е пред тежок испит (од украинската криза), нагласи Меркел.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа