Намален бројот на загинати во сообраќајки во Македонија
Во првите девет месеци од 2014 година е намален бројот на сообраќајни несреќи споредено со истиот период минатата година. Според статистиката на Министерството за внатрешни работи минатата година во првите девет месеци биле регистрирани 3.140 сообраќајни несреќи, додека годинава се случиле 2.952.
Намалување е забележано и на бројот на лица кои животите ги загубиле во несреќите. Годинава во сообраќајки починале 104 лица, додека во првите девет месеци од 2013-та имало 139 жртви во сообраќајни незгоди.
Во сообраќајните незгоди во периодот од јануари до септември со повреди се здобиле 4.671, а во 2013-та 4.830 лица.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа