Матурата ја чини Франција 1,5 милијарди евра

Организацијата на матурата годишно во Франција чини 1,5 милијари евра, многу повеќе од проценките кои досега се движеа меѓу 90 и сто милиони евра, јавува дописникот на МИА од Париз.

Студијата, прва од вакод вид е објавена денес и во неа е опфатена глобалната сума на организирањето на испитите (во што не се опфатени професионалните-технички матури), односно во неа се пресметани трошоците за организацијата на испитите, но исто така и изгубените три недели настава за сите средношколци.

Од неа произлегува дека матурата чини петанесет пати поскапо од досегашните проценки, па дури и 30 пати поскапа од тие на министерството за образование. Тоа што ја зголеми глобалната сума се неодржаните часови за време на матурските испити, кои претставуваат дури осум отсто од годишните школски часови.

Еден средношколец во Франција просечно чини годишно околу 11.500 евра, во Франција има 1,5 милиони средношколци, школската година трае 36 седмици, така изгубените часови според пресеметката достигнуваат околу 1,437 милијарди евра.

Во Франција веќе долго време се слушаат гласови кои бараат укинување на матурските испити. Според некои проценки нејзиното укинување би дозволило да се регрутираат доадатни 5.000 професори, 8.000 медицински сестри и да се дадат додатни 250.000 стипендии годишно.

 

најчитано сега