Невидено убиство: 185 мртви во судирите меѓу нигериските рибари и нигериската војска
Немирите во Баги започнаа во петокот и траеле со саати, поради што жителите биле приморани да побегнат во соседните места во близина на езертото Чад.
Сите куќи и други објекти, возилата во подрачјето на Баги биле запалени, а локалните жители изјавија дека војниците намерно го направиле сето тоа. Во конфликтите меѓу нигериската војска и екстремистите, загинаа најмалку 185 лица, најголем број од рибарската заедница во оваа земја.
Последните немири означуваат ескалација на бунтувањата на северот на Нигерија, каде населени е претежно муслиманско население, а најактивна е екстремистичката група Боко Харам. Официјалните лица не можеле да кажат колку цивили има меѓу повредените, а колку војници и екстремисти, поради тоа што поголемиот дел од лешевите биле запалени.
Запалените тела веднаш биле погребани, како што наложува локалната муслиманска традиција. Исламистите во борбата ги користиле цивилите како човечки штит, аупотребиле и минофрлачки гранати при пресметката со војниците.