Спасов ќе ја отвори втората јавна дебата за вработување на лицата со инвалидност

 

Во Клубот на пратеници, денеска со почеток во 13 часот ќе се одржи втората јавна расправа за новиот Предлог Закон за вработување на лица со инвалидност.

На првата јавна дебата која се одржа во четвртокот дебатираа невладините организации и граѓанските здруженија. Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов на првата јавна расправа ги запозна присутните  со новините што ги носи предлог законот, истакнувајќи дека се работи за клучна и особено важна реформа.

Преку предлозите содржани во новиот предлог закон се зголемува транспарентноста во користењето и располагањето на средствата од посебниот фонд за вработување на лицата со инвалидност и се уредува професионалната рехабилитација  со цел поголема инклузија на лицата со инвалидност на отворениот пазар на труд и практично се спроведува реформа која во европските држави е спроведена пред повеќе години.

17.11.2014 - 10:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега