Во Кумановско вакцинирани 1.226 лица против сезонски грип

На ниво на општина Куманово вакцина против сезонскиот грип примиле 1.226 лица, информираат од Центарот за јавно здравје.
 
Оваа година, според надлежните, вакцинацијата започнала навреме и имало голем интерес меѓу граѓаните, бидејќи потрошени се сите количини кои се набавени од Центарот.
 
- Најчесто се вакцинираа повозрасните лица, лица со хронични заболувања како што се дијабет, кардиоваскуларни заболувања ,лица со намален имунитет, рече епидемиологот од  Центарот за јавно здравје, др.  Јадранка Стаменковска.
 
Имунизацијата против грип се спроведува во октовмри и ноември, објаснуваат лекарите,поради навремено стекнување отпорност на организмот пред сезоната на грип.
 
Епидемиолозите од  Центарот за јавно здравје, во овој период будно ја следат и состојбата со заболените од респираторните инфекции. Лекарите препорачуваат често проветрување на просториите,оддржување на високо ниво на лична хигиена и исхрана богата со витамини како превенција од респираторните заболувања,каракатеристични за овој период од годинава
17.11.2014 - 10:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега