Шведскиот крал со честитки до Палестинците

 

 

Шведскиот крал Карл Шеснаесетти Густав упати четстики по повод „Националниот ден на Палестина“ до палестинскиот претседател Махмуд Абас, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Кралот Густав со овој чин практично е првиот европски монарх, кој официјално направил ваков потег по прогласувањето на самостојноста од страна на Јасер Арафат во 1988 година, пишува „Тајмс оф Израел“.

Шведскиот двор соопшти дека „шефот на државата, според вообичаените рутини во соработка со шведското Министерство за надворешни работи, испраќа телеграми со честитки по повод националните празници на сите земји“.

Телеграма испрати и шведската Влада, која неодамна ја призна самостојноста на Палестина. 

17.11.2014 - 10:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега