Порошенко: Украина се подготвува за општа војна

 

 

Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека Украина „се подготвува за општа војна“ и дека „не се плаши од конфликт со руските сили“.

- Се подготвуваме за сценарио на општа војна... Не сакаме војна, сакаме мир и се бориме за европски вредности. Но, Русија не почитува никаков договор, изјави Порошенко во интервју за германскиот весник „Билд“.

Порошенко истакнува дека украинската војска сега е во подобра состојба од колку што била пред пет месеци и дека Украина ја „поддржува целиот свет“.

- Повеќе од се сакаме мир, но во овој момент мораме да се соочиме со најлошото сценарио, смета украинскиот претседател.

Според податоците на Обединетите нации, за време на седуммесечните судири во источна Украина загинале повеќе од 4.100 лица.

Порошенко, кој во моментов се наоѓа на состанокот на Вишеградската група во Братислава, изјави дека судирот „би завршил за две недели“, доколку би се применил мировниот план кој беше потпишан во Минск.

17.11.2014 - 10:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега