Велика Британија мора да остане во ЕУ
Германската канцеларка Ангела Меркел инсистира дека Велика Британија мора да остане во ЕУ, бидејќи е „важна порта кон светот за европските нации“.
Иако Меркел претходно го предупреди британскиот премиер Дејвид Камерон дека се „приближува кон точка од која нема враќање“, таа денеска нагласи дека Британија има значајно место во Унијата и ќе направи се што е во нејзина моќ за да остане членка.
- Што и да направат Британците е нешто што мораат сами да го одлучат и тие сигурно нема да ги слушаат другите што ќе кажат за тоа. Но за нас е најважно да ја имаме Велика Британија во ЕУ, бидејќи тоа е земја која е отворена кон остатокот од светот, изјави германската канцеларка во Сиднеј, по нејзиното учество на Самитот на Г-20 во Бризбејн.
Бртанскиот премиер им вети на граѓаните дека доколку неговите конзервативци победат на следните избори во 2015 година, ќе организира референдум за членството на земјата во ЕУ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа