Федерер се откажа од титулата

 

Рожер Федерер се откажа од настапот на Лондон во големото финале на Мастерот во Лондон кое требаше да се оддржи синојќа.

Федерер еден час пред почетокот на дуелот  ја информира јавноста дека поради повреда нема да може да му се спротивстави на првиот светски рекет.

- Не сум подготвен за натпревар. Се обидов и со антибиотици, но не помогна. Не можам да играм со Новак. Се надевам дека ќе ме разберете. Ви се извинувам што не сум во можност да настапам, им се обрати Федерер на присутните во „О2 Арена“ во Лондон.

Причината за откажувањето е повредна на грбот.

17.11.2014 - 09:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега