Силен земјотрес во Нов Зеланд
Земјотрес со интензитет од 6,7 степени според Рихтерова скала го погоди денеска Нов Зеланд, а Агенцијата за цивилна одбрана соопшти дека не постои опасност од цунами.
Епицентарот на потресот се наоѓал во морето, на околу 200 километри од градот Гизборн на Северниот остров, на длабочина од 35 километри, објави американскиот Геолошки институт.
Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.
Пред три години во земјотрес со интензитет од 6,3 степени загинаа 185 лица во Нов Зеланд.
17.11.2014 - 09:10
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа