ВИДЕО: Нокаутот на Кличко кој го прати Бугаринот Пулев во болница

Владимир Кличко продолжува суверено да владее со светскиот бокс, откако по 17-ти пат го одбрани тронот. Украинецот титулата ја одбрани откако го нокаутира предизвикувачот, Бугаринот Кубрат Пулев.
 
Кличко победата ја најави уште во првата рунда кога Пулев два пати заврши на подот, потоа Пулев падна и во третата рунда, а конечниот удар Кличко го зададе во петтата кога го нокаутира противникот со лево кроше.
 
Владимир Кличко ја забележа 63-та победа во кариерата, 54-та со нокаут, додека Пулев во 21-от меч го доживеа првиот пораз по кој мораше да оди во болница
 
Кличко е сопственик на титулите во тешка категорија во верзиите IBF, IBO, WBO, WBA.
16.11.2014 - 21:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега