Напад врз камиони на НАТО во Пакистан - шест лица го загубија животот

Најмалку шест лица загинаа, а повеќе се повредени во напад на екстремисти врз камиони кои превезувале стоки за НАТО, соопшти денеска пакистански претставник.

Нападот се случил во подрачјето Шагаи, 20 километри југоисточно од Ланди Котала, главниот град на областа Кајбер на границата со Авганистан, кој се смета за упориште на талибанците.

Четири војници загинаа на лице место, додека уште двајца починале на пат кон болница, изјавија локални претставници, додавајќи дека во нападот се запалени два камиони, а уште два се оштетени.

Пакистан е клучна транзитна рута преку која се снабдуваат силите на НАТО во Авганистан.

најчитано сега