Пејачот Дарко Лазиќ ја симна бурмата

Иако е мета на гласини, сепак тој тврди дека бурмата ја извадил без задни намери.

Пејачот Дарко Лазиќ, кој неодамна се ожени, веќе го симна венчалниот прстен. Причината како што вели тој е „виша“ сила.

Ослабев и прстенот ми е голем, затоа го извадив и сите се шегуваат на моја сметка дека сум го сторил тоа за да кријам дека сум во брак, што е глупост. Сите знаат дека сум зафатен.

Планирам да го однесам во златара и да го намалам. Од сопствено искуство можам да ви кажам дека мажите со бурма се многу попожелни, да не кажам фатални. Има нешто што тој прстен го привлекува спротивниот пол.

Јас сум сериозен и оженет човек. Имам дете, но и искуство. Четиринаесет години пеам по кафеани. Плус се оженив со седум години постара жена, па побргу созреав, изјави пејачот низ смеа.

16.11.2014 - 11:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега