Ердоган : Муслиманите ја открија Америка , а не Колумбо
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека муслиманите биле тие кои ја откриле Америка во 12 век, а тоа било дури три века после Кристофер Колумбо.
– Контактите меѓу Латинска Америка и исламот датираат од 12-от век. Муслиманите ја откриле Америка во 1178 година, рече Ердоган во говорот за време на самитот на муслиманските лидери од Латинска Америка во Истанбул.
Историските книги пишуваат дека 1492 година беше првиот странец кој стапна на американско тло на својот пат до Индија.
– Муслиманските морепловци стигнале во Америка во 1178 година. Колумбо споменува постоење на џамија на едно брдо на кубанскиот брег, рече тој и додаде дека би сакал да разговара со „кубанските браќа за изградба на џамија на тоа место“.
Веднаш после неговото изјаснување од страна на неговите колеги тоа беше отфрлено бидејќи тие тврдат дека „џамијата“ бил опис на Колумбо за пејзажот кој првпат го гледа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа